Татран освои 15. титула по ред во Словачка!

Ракометарите на сехалигашот Татран Прешов ја освоија 15. титула по ред во словачкиот шампионат, односно 17. воопшто во клупската историја.

Избраниците на Радослав Антл во финалната серија од плеј-офот немаа никакви проблеми и го добија Кошице со 3-0 во победи.

На последниот натпревар на домашен терен, Татран славеше со 38-22, а најдобар стрелец беше кубанското лево крило Пабло Ернандез.

Ова беше 15. титула по ред од 2007 година па наваму со што беше продолжена доминацијата. Татран Прешов обезбеди место во Лигата на Европа за следната сезона.