Татабања не издржа во налетот, Рајн Некар си замина со бодови

Составот на Рајн Некар се враќа со два бода од гостувањето во Унгарија откако денеска го совлада тимот на Татабања со 32:26.

Ова беше натпревар од Д групата од Лигата на Европа каде што се натпреварува и составот на Еурофарм Пелистер. Оттаму и дуелот беше уште поинтересен.

На оваа средба гостите од Германија решија сè уште во првиот дел од средбата. Имаа 21:15 и делуваше дека нема да имаат поголеми проблеми за да го добијат овој натпревар.

Сепак, како одминуваше времето стануваше јасно дека ќе мора да се сфати задачата посериозно бидејќи од почетокот на вториот дел не одеше најдобро. Играта беше далеку подобра за тимот на Татабања, па во еден момент се дојде до гол негатива, 22:23. Меѓутоа тука одново беше подобрена играта од Рајн Некар.

До крајот разликата се искачи на три гола за конечни 32:26 и нова победа за тимот на Рајн Некар.

Денескапрв стрелец во Рајн Некар беше Уве Генсхајмер со седум гола, додека Александер Петерсон ја заврши средбата со шест погодоци. Кај домашните пет гола имаше Бенце Здолик.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФУКСЕ БЕРЛИН10100020
2АРХУС1070314
3БИДАСОА ИРУН104159
4МОТОР103167
5АГУА САНТАС101274