Тасевска и Божиновска го однесоа Металург на завршниот турнир во Купот

Ракометарките на Металург обезбедија место на завршниот турнир во Купот на Македонија, откако славеа над Спартак со убедливи 22-32.

Победникот на овој натпревар беше познат уште по првото полувреме кога избраничките на Јулијана Дамчевска водеа со седум голови разлиа, 13-20.

Во второто полувреме домаќинките успеаја да намалат на минус четири, но немаа сили за нешто повеќе на овој натпревар.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Марија Тасевска со осум и Ива Божиноска со седум погодоци, додека кај Спартак, Ангела Гроздановска даде десет.

Претходно и тимот на Чаир обезбеди место на завршниот турнир во Купот.