Тамше: Еурофарм Пелистер доаѓа после победа против Вардар, а знаеме што тоа значи

Еурофарм Пелистер вечерва во Нашице му гостува на Нексе во првиот натпревар од двомечот од осминафиналето во Лигата на Европка.

Тренерот на Нексе, Бранко Тамше смирено го најави денешниот натпревар, тој е свесен за квалитетите на неговиот тим, но не сакаше и да го потцени битолскиот состав.

„Мораме да се потсетиме дека имавме тежок пат низ Европската лига, од самите квалификации до групната фаза. Една од целите беше да поминеме помеѓу најдобрите 16 и тоа брзо го обезбедивме, но сега малку ја поткреваме табличката и мислам дека тоа е нормално и спортски. Денес ќе играме против Еурофарм Пелистер, одличен тим кој во Нашице пристигнува после победата против Вардар во Скопје во првенството во Македонија, а ние знаеме што тоа значи. Детално ги анализирав нивните последни натпревари, играа со различни тимови и тие информации им ги пренесов на моите играчи. Мислам дека сите екипи кои се пласираа во оваа фаза од натпреварувањето се многу квалитетни, нема слаби екипи кои би можеле да ги добиеме“.

И Нексе како и Еурофарм Пелистер во саботата играше дерби во домашното првенство.

„Првото полувреме е во Нашице, се игра во нокаут систем и целосно сме сконцетнрирани, ќе ни биде важна секоја топка и секој гол. Немавме многу време за припреми затоа што имавме тежок натпревар пред два дена, но сега сме целосно фокусирани на Пелистер. Во големото дерби против Загреб имаше полнење и празнење и психички и физички, но победивме, а тоа е важно за психата на играчите. Сега со многу самодоверба и оптимизам влегуваме во вечерашниот натпревар. Убеден сум дека салата ќе биде преполна и дека ќе имаме фантастична поддршка од трибините“, изјави Тамше.

Реваншот од ова осминафинале се игра за седум дена во Битола.