Тамше: Во Битола на никого не му е лесно, на пелистерци им посакувам титула

Екипата на Нексе славеше и во вториот осминафинален дуел од Лигата на Европа против Еурофарм Пелистер со 21:22 на гостувањето во Битола и обезбеди пласман во четврдфиналето.

Тренерот на Нексе, Бранко Тамше беше целосно задоволен од атмоферата, изданието на неговите ракометари и секако победа.

„Во текот на целиот ден ги подготвував моите играчи, публиката пее и навива во текот на целиот меч. Благодарам на гостипримстовото, беше нависстина убаво. Знаев дека натпреварот ќе биде тежок како што и се покажа. Морам да кажам дека на почетокот влеговме во мелницата на Еурофарм Пелистер кој го диктираше ритамот и ја користеше секоја наша грешка со неколку лесни голови. Цел ден инсистирав дека мора да го играме нашиот ракомет, денека го игравме во еден дел од првото полувреме и еден дел од второто. Го искористивме тој период, истрчавме неколку контри и постигнавме лесни голови со што ја направивме разликата која ја сочувавме до крај. Горд сум на моите момци за борбата и овде во Битола, тука на никој не му е лесно. Верувајте дека ги гледав сите натпревари на Еурфарм Пелистер во ЛЕ е бев воодушевен од играта и секако од навивачите кои според мене се едни од најдобрите во ракометот. На Еурофарм Пелистер им посакувам, веројатно она што најмногу го посакуваат а тоа е титулата шампион на Макеоднија“, рече Тамше.

Исто така и голманот на Нексе, Михајло Радовановиќ беше водушевен од атмосферата во Битола, а исто така е среќен за триумфот и пласманот во следната рудна.

Навистина да се победи една ваква екипа воопшто не е лесно. Како што рече и тренерот тое се фантастични играчи. За атмосферата немам зборови, кога во секоја сала би била ваква атмосферата тоа би било преубаво за играње ракомет. Честитки уште еднаш на моите соиграчи на победатаи многу среќа понатаму на Еурофарм Пелистер“, рече Раводановиќ.

Со овој триумф Нексе обезбеди пласман во четвртфиналето и ќе го очекува противникот со кој ќе се бори за фајнал-фор во Лигата на Европа.