Таму некогаш се играа дуели од Лигата на шампионите: Салата во Ресен доби нов лик (ФОТО)

Спортската сала „Зоран Стојановски” во Ресен, која е дома на ракометниот клуб Преспа, доби модерен и нов изглед.

Во салата во која своевремено првакот Преспа Јафа Промет играше натпревари од Лигата на шампионите, а играше и сениорскиот национален тим, целосно е реновиран паркетот и соблекувалните.

Прволигашот Преспа во новата сезона од Првата лига, ќе може да ги пречека гостинските екипи во реновираната сала.