Таму некогаш играше и македонската репрезентација: Салата „Младост“ во Неготино добива нов лик (ФОТО)

Спортската сала „Младост” во Неготино, долги години не беше во функција на спортот. Во оваа сала своевремено тимот на Повардарие Неготино играше во Купот на градови, а неколку пријателски и квалификациски натпревари одигра и машката сениорска репрезентација.

Таа сега е повторно функционална и комплетно опремена според сите современи стандарди. Беше направена комплетна реконструкција, обновена кровната површина, стариот терен беше заменет со нов.

Реновиран беше и просторот под трибините, кој досега не беше во функција, а во втората фаза која следи ќе се реконструираат тоалетите, соблекувалните, трибината, прозорците и надворешната фасада. Салата треба да биде подготвена за натпревари од септември.

Прволигашот Вардар Неготино, кој е наследник на Повардарие, досега натпреварите од Првата лига ги играше во салата на гимназијата „Св. Кирил и Методиј“, но во новата сезона во која ќе биде еден од фаворитите за место во елитата, ќе настапува во салата „Младост“.