Талески продолжи со Вардар, и во следната сезона ќе носи „црвено-црно“

Репрезентативецот на Македонија, Филип Талески ќе биде дел од „црвено-црниот“ тим и во новата сезона.

Како што претседателот на Вардар, Михајло Михајловски најави во Интервјуто за 24 Ракомет, сега се остварува и Талески добива можност да продолжи со игрите во редовите на вардарци.

Преговорите биле успешни, па веќе е сосема извесно дека тој ќе биде во Вардар уште најмалку една сезона, но постои можност да остане во македонскиот шампион и подолго.

Талески дојде во Вардар на почетокот на минатата сезона откако се врати од Германија, а со ова е јасно дека останува да го носи дресот на тимот кој и следната сезона ќе ја претставува Македонија во Европа.