Талевски не може да тренира, но затоа учи германски и готви заедно со девојката

Интеренационалецот од Македонија во редовите на Слобода Тузла, Јован Талевски во последен момент одлучи да не патува за Македонија и покрај тоа што имал авионски билети и со неговата девојка останал во БиХ да го чека крајот на падемијата.

„Требаше да се вратиме за Скопје, а единствената опција беше со авион. Клубот ни обезбеди билети, а единствениот лет беше на релација Сараево-Истанбул-Скопје. Меѓутоа во Истанбул требаше  да чекаме 12 часа што беше премногу ризично за нас бидејќи на аеродром има луѓе од целиот свет. Затоа се откажавме од ова и останавме во Тузла“, вели Талевски за локалните медиумите.

Тој времето без тренирање со колегите го користи за различни активности. Успеал да најде начин како со неговата девојка да го пополнува времето, па на тој начин да нема досада во карантин во хотел во Тузла.

„Одлучивме да направиме план како секој ден да ни биде исполнет. На пример, читаме книги, а понекогаш гледаме тв серии. Секој ден мора да се одработи тренинг за да останам во кондиција. Јана ме мотивира бидејќи вежба со мене. Во текот на денот користиме можност да зготвиме нешто  здрaво. За да биде уште покорисно и денот поисполнет одлучивме да почнеме да учиме нов јазик. Во овој случај тоа е онлајн настава на германски јазик“, коментира Талевски.

Тој се пресели во Слобода во текот на сезоната откако сезоната ја почна во редовите на Струга, но брзо си замина. Пред прекинот на првенството имаше добри игри за тимот од Тузла.