Тажна вест – Почина селекторот на Белорусија

Репрезентацијата на Белорусија во женска конкуренција остана без селекторот Томаж Чатер, кој после тешко боледување почина на 52 години.

Тренерот кој работеше во тимот на Гомел од 2016 година, а успеа да стигне четирипати до титулата во првенстрвото на Белорусија. Покрај тоа дојде четирипати и до пехарот од Купот на Белорусија.

Станува збор за Словенец, кој во истото време беше и на селекторската позиција на Белорусија. Во кариерата беше на клупата на тимови од Словенија, Австрија и Белорусија.

Тој требаше да наполни 52 години во вторник, а почина после долга борба со канцер.