Суспендираните од Корона се враќаат на терените, но во нови клубови

Ракометарки на Корона Брашов кои беа суспендирани поради недозволената терапија, а добија намалување на казната веќе можат да се вратат на терените.

Прва која го стори тоа е Кристина Ласло која се приклучи на Баја Маре и веќе тренира со екипата, со која потпиша договор на две години.

На поранешниот среден бек на Будуќност ѝ беше казната од 15 месеци и беше преполовена на седум и пол и таа ќе може да биде во составот на првиот следен натпревар на Баја Маре. Следни на теренот би требало да се вратат Дачијана Хосу и Бјанка Базалиу кои имаа идентична казна како Ласло.

Хосу потпиша договор со Влчеа кој беше оспорен од Корона Брашов бидејќи ракометарката има уште една година важечки договор со клубот. Одлука за жалбата ќе биде донесена на 7 септември, а дотогаш голманката не смее ниту да тренира со Влчеа.

Меѓу суспендираните ракометарки беше и македонската репрезентативка Наташа Нолевска на која исто така и беше намалена казната. И таа исто така може да се врати на терените.