Суперлигата стартува во петок, нè чекаат интересни двобои!

Со натпреварот меѓу Металург и Еурофарм Пелистер 2, ќе биде означен стартот на новата сезона во македонскиот ракомет.

Оваа сезона во суперлигашката конкуренција ќе има 16 екипи, од кои 14 ќе играат во регуларниот дел поделени во две групи.

Интересно ќе биде на сите дуели, иако можеби квалитетот е разводнет, неизвесност и драма сигурно нема да недостига низ македонските терени.

Публика нема да има на натпреварите, но затоа ќе има преноси на Македонската телевизија и стандардно, на You Tube каналот на Ракометната федерација.

До петок треба да бидат познати и резултатите од тестовите на коронавирус на сите ракометари и нивните стручните штабови, како и на официјалните лица.

Распоред на натпревари, Суперлига, 1 коло:

Група А:
19:00 часот, Јуниор КВ – Пролет
19:00 часот, КЛ7 – Охрид
20:30 часот, Астраион – Радовиш

Група Б:
18:00 часот, Металург – Еурофарм Пелистер 2
19:00 часот, Работнички – Бутел Скопје
20:30 часот, Младост Богданци – Тиквеш