Судии од Косово за Еурофарм Пелистер и Магдебург

На средбата меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург која ќе биде одиграна во вторник во Битола во рамки на 1/16 финалето од Лигата на Европа веќе се познати официјалните лица кои ќе бидат од Косово и Македонија.

Судии на оваа средба ќе бидат Шефи Џема и Бесфот Јахја додека делегат е Камер Металари.

Продолжува пркатиката делегатите да бидат од земјата домаќин поради пандемијата со коронавирусот, а судиите од земја која е во близина.

Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола без присуство на публика, а почнува од 20:45 часот во вторник. Реваншот е на 30 март во Германија во 18:45 часот.