Стружанки сигурни, од почеток до крај во водство, за победа против Астибо

Ракометарките на Стружанка дојдоа до победа на средбата против Астибо со 34:28 откако водеа во текот на сите 60 минути, а во вториот дел од натпреварот главно го контролираа резултатот.

Од почетокот на натпреварот се виде дека домашните се порасположени. Поточно тие отворија многу подобро. Ракометарките на Астибо израмнија на 1:1, но потоа стружанки направија 4:0 и со овие четири гола предност влегоа во подобро продолжение од средбата.

Имаа одличен ритам до крајот на првиот дел и четирите позитива ги донесоа до плус шест. Готинките не можеа многу да парираа, па рано беа во голема негатива која беше тешко да се стигне. Домашните имаа повеќе расположени ракометарки што влијаеше и на резултатот од 18:12 на крајот од првото полувреме. Кај гостинките Стојанова се обидуваше да ги води своите, но не можеше да се доближат.

Во вториот дел беше поизрамнето, но само доколку се гледа резултатот од вторите 30 минути. Играта беше сосема поинаква. Гостинките успеаја да се стабилизираат и на моменти да намалат, но само на четири гола. Погодоците кои недостигаа од Анчева пристигнаа во второто полувреме, но одлично парираше и Делиоска од Стружанка.

На крајот беше истата разлика од првото полувреме, а бодовите останаа за Стружанка која се избори за победа од 34:28.

СТРУЖАНКА – АСТИБО               34:28 (18:12)

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Викторија Прентоска и Наташа Глигороска од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ѓокеска, Димоска, Калајџиевска 1, костеска, Раткушиноска, Переска 4, Б. Затуроска 5, И. Затуроска 3, Далипоска 6, Блажеска 3, Делиоска 12

Седмерци: 7/7, Исклучувања: 6 мин.

АСТИБО: Петрушева, Димова, Анчева 10, Карафиловска, Јованова 5, Стојанова 7, Ананиева 2, Манева, Костадинова, Милева 1, Кировска 3

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 6 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ12120024
2СТРУЖАНКА1270514
3ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1270514
4АСТИБО123096
5ДЕСПИНА123096