Стружанка обезбеди дуел против Вардар за пласман на Ф4 во Купот

Ракометарките на Стружанка очекувано стигнаа до победа против составот на Овче Поле СУ со 24:16 и обезбедија дуел против екипата на Вардар за пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Екипата на Овче Поле даваше добар отпор на фаворитот, Стружанка поведе со 1:3 и 3:5 но следуваше израмнување кон средината на првиот дел. Беше 5:5, а потоа и 7:7, сепак стружанки во финишот на првиот дел обезбедија предност од 9:11.

Почетните минути од второто полувреме беа клучни за победата, Овче Поле дозволи противникот со серија од 6:1 да се одалечи на недостижна предност.

До крајот на мечот без многу проблеми Стуржанка стигна до победата и чекор поблиску до завршниот турнир.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – СТРУЖАНКА 16:24 (9:11)

Сала: Цар Самоил во Свети Николе. Судии: Сања Божиновска и Адриана Здравсковска. Делегат: Стево Костенчев.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Младеновска Кузмановска, Јовановска, Анчева 9, Вучевска 1, Сентовска, Манева 3, Конева, Костова 2, Стојанова, Павловска 1, Гигова, Ташкова, Стојанова, Стоилова, Максимова, Димчева.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: /.

СТРУЖАНКА: Јовичинац 1, Голабоска 1, Дукоска 5, Переска 1, Затуроска, Јоноска 1, Затуроска 1, Митоска, Ѓоршулеска 1, Јусуфи, Ѓокеска, Петреска 2, Делиоска 10, Маркоска 1.

Седмерци: 3/4. Исклучувања: 10 мин.