Драма покраj езерото: Стружанка се хероjски камбек, освои бод против Пелистер!

Екипите на Стружанка и Пелистер одиграа без победник 16:16 во натпревар од второто коло од плеј-оф фазата кај дамите.

Во првото полувреме двете екипи имаа свои моменти и падови. Гостинките од Битола добро го почнаа натпреварот, стартуваа со 3:1, два гола разлика имаа и во 10 минута, 4:2, но домаќинот не се предаваше, бргу направи камбек и израмни на 4:4.

Од тој период се играше гол за гол и двете екипи наизменично се менуваа во водство. Грешките во нападот беа причина за малиот број постигнати погодоци во првото полувреме, а и воопшто на дуелот. Битката во првото полувреме заврши со мала предност за Стружанка, која на пауза замина со минимално водство од 9:8.

Пелистер во продолжението го презеде водството и до 53 минута водеше со два гола разлика. Иако Пелистер во финишот имаше 16:14, попушти во клучните моменти и освои само бод. Маркоска во 55 минута намали на 16:15, додека на две минути пред крајот Затуроска ги постави конечните 16:16. Во последните две минути, односно низ бркотницата на теренот, ниту една од двете екипи не успеа да реализира.

Магдалена Делиоска со осум погодоци беше предводник во составот на домашниот табор. Кај Пелистер најефикасни со по четири реализации беа Мари Франсоа и Сандра Корлевска.