СТРУГА 2023: ДАЛИ ЗНАЕТЕ кој е првиот МВП на турнирот во Струга

Годинава од 16 до 19 август по 51. пат ќе се игра традиционалниот ракометен турнир. Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри...

Покрај трофејот за најдобрата екипа на турнирот во Струга, традиционално има и индивидуални награди за најдобри три играчи. Се избираат најдобра играч, најдобар голман и најдобар стрелец. Традицијата за наградување на најдобриот играч на турнирот почнала во 1974 година.

Тогаш за првпат е востановена наградата за најуспешен играч на турнирот, а таа чест заслужено му припадна на голманот на Вардар – Ванчо Јовановски. Публиката со громогласен аплауз го поздравила од трибини на градското игралиште.

Јовановски потоа беше и тренер на Вардар, но и селектор на сениорската репрезентација на Македонија предвидејќи ја на првото ЕП 1998 година. Тој е првиот Македонец што играше во германската Бундес лига.

Лани за најдобра играч на турнирот беше прогласен Жарко Пешевски, пивотменот на Еурофарм Пелистер. Битолчани лани преку изведување пенали стигнаа до 13. титула со што се изедначи со Вардар како најтрофејни на турнирот.

На 51. издание на Струшкиот турнир сега ќе настапуваат екипите на Струга, Вардар, Алкалоид, АЕК Атина, Динамо Панчево и Гуиф.

Со нетрпение го очекуваме почетокот на турнирот, а дотогаш – читајте 24Ракомет…

Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри…