СТРУГА 2020: Стоилов со краток „фитиљ“ – за инцидентот во финалето доби син картон! (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер славеше во финалето на 48. издание на Струшкиот турнир со 26-23 над европскиот првак Вардар и го освои 12. трофеј покрај езерото.

Во финишот на натпреварот, вардарци беа премногу нервозни, па имаше турканица на теренот која можеше да прерасне во инцидент.

Левиот бек Филип Талески имаше дуел со Томислав Кушан и страстите се разгореа. Во двобојот се вклучи капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, но судиите брзо реагираа.

Стоилов доби црвен картон, а потоа и син, и ќе добие суспензија за домашните натпреварувања под капата на РФМ.

Не беше поштеден ниту Талески, кој доби исто така црвен картон. Погледнете го финишот на финалниот натпревар…