Струга има нов голман – потпиша Босанецот Дејан Рикановиќ

Екипата на Струга пред стартот на новата натпреварувачка сезона го донесе новото засилување во своите редови. Станува збор за голманот од БиХ, Дејан Рикановиќ, кој на натпреварот против Еурофарм Пелистер на Струшкиот турнир се покажа во одлично светло.

Рикановиќ во Струга пристигна од Катар, каде што го имаше првото интернационално искуство. Младиот голман својата кариера ја започна во екипата од БиХ, Локомотива Брчко.

Со екипата од Брчко во 2018 година го освоија првото место во суперлигашката конкуренција во Република Српска и добрите настапи му донесоа и повик за младинската репрезентација на БиХ.

За Рикановиќ, Струга ќе биде второто интернационално искуство во неговата кариера. Претходно Струга се засили со левиот бек Петар Бугариновиќ и кружниот напаѓач, Богдан Ѓуровиќ.

Струга ќе биде дел од групата А во Суперлигата заедно со екипите на Охрид, Бутел Скопје, Алкалоид, Вардар, Вардар Неготино, Куманово и Прилеп.