Струга без капитенот против битолчани, Младост без најдобрите стрелци против Астраион

Ракометарите на Струга ги очекува тежок натпревар против Еурофарм Пелистер во рамките од 8.коло од плеј-офот во Супер лигата. Стружани ќе бидат ослабени против битолскиот тим бидејќи капитенот на екипата, Богдан Николиќ нема да биде во составот поради приватни причини.

Црногорецот престојува во својата земја бидејќи доби принова во своето семејство. Ракометарот на Струга по втор пат стана татко, а неговата сопруга, Тијана на светот донесе девојче.

Натпреварот помеѓу Струга и Еурофарм Пелистер се игра денеска со почеток од 15:30 часот.

Екипата на Младост Богданци за натпреварот против Астраион во рамките од 8.коло од плеј-аут групата во Супер лигата ќе настапи без двајцата најдобри стрелци, Мите Караиванов и Илија Динов.

Двајцата поради повреда нема да можат да му помогнат на својот тим, но од клубот очекуваат нивно брзо враќање на терените. Караиванов не настапуваше и на последните два натпревари.

Младост во претходните натпревари не се покажа во најдобро светло, а натпреварот против Астраион ќе биде од голема важност за повисок пласман на табелата. Тој се игра утре во салата „Млаз“ со почеток во 16:00 часот.