Стојковска е лидерот, Цвикау маршира кон Бундес лига

Тимот на Цвикау, каде што игра македонската интернационалка Симона Стојковска, забележа важна победа во 10. коло од Втората Бундес лига.

Цвикау славеше на тешкото гостување во Берлин кај тимот на Фуксе со 30-31, а најзаслужна за овој триумф е токму Стојковска.

Таа беше најдобра на теренот и постигна девет погодоци, а стандардно си ја одигра и својата улога во одбрана.

Цвикау сега има 16 бодови на второто место кое води ранг погоре.

Во оваа конкуренција, тимот на Ваиблинген, каде што игра македонската репрезентативка Симона Николовска, забележа победа над Родертал со 29-27, а нашето лево крило постигна четири голови.