Стојаноски повторно во елемент, донесе нов триумф за Искра

Тимот на Искра Бугојно, каде што брани македонскиот голман Александар Стојаноски, ја забележа втората победа во босанскиот шампионат.

Искра во натпревар од 3. коло славеше убедливо против незгодниот состав на Какањ со осум гола разлика, 35:27.

Стојаноски и неговите соиграчи победата ја обезбедија уште по првото полувреме, кое што заврши со 18:11 во корист за домаќините.

Еден од најзаслужните за триумфот и бодовите е токму македонскиот голман, кој успеа да одбрани 18 удари. Во првото коло, против Маглај, Стојаноски имаше 19 интервенции.

Во следното, четврто коло, тимот на Искра ќе гостува кај босанскиот вицепрвак Слобода Тузла, која во претходното коло беше поразена од Леотар.