Стојановиќ прозиваше, тројца отпаднаа поради повреди пред двомечот со Хрватска

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир во ЕХФ неделата пред пријателските натпревари со селекцијата на Хрватска.

Селекторот Раде Стојановиќ за оваа акција планираше 22 ракометари, но нема да смета на тројца од нив.

Станува збор за капитенот Андреј Стојановски, како и Самоил Ристевски и Ненад Белистојаноски, кои поради повреди ќе ја скокнат оваа акција. Ново име на тренинзите е левиот бек Борјан Дамјаноски, кој ќе има шанса да ги покаже своите квалитети.

Новитет се тренинзите со топките без лепак, со кои се играше на кадетското женско СП лани во Скопје, а ќе се игра и на машкото годинава во Хрватска. Двете пријателски со Хрватска ќе ги играме на гостински терен, а Стојановиќ ќе има шанса да ги проба сите ракометари пред големиот предизвик на лето на СП.

Македонија е во група со Црна Гора, Грузија и Норвешка.