Стојановиќ објави список, кадетите ќе тестираат со Романија во Скопје

Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ објави список на 22 ракометари за собирот во ЕХФ неделата во март.

Стојановиќ смета на ракометари кои и досега беа дел од оваа репрезентација. Основата се ракометарите што го освоија трофејот на ЕХФ шампионатот во Рига, надополнети со уште неколку други.

Во рамки на ЕХФ неделата, кадетската репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни натпревари против репрезентацијата на Романија.

Натпреварите се предвидени да се одиграат на 11 март во 18:00 часот, и на 12 март  во 12:00 часот во спортската сала Автокоманда. Собирот на ракометарите ќе биде на 8 март.

Овие натпревари се дел од подготовките за настапот на кадетите на претстојното Светско првенство во август во Хрватска.