СЕХА круниса нов вардарец: Столе Стоилов – кралот на емоциите! (ФОТО)

Раководството на регионалната СЕХА лига го одложи завршниот турнир што требаше да се игра во хрватскиот град Задар од 3 до 5 април.

Таму требаше да настапат Мешков Брест, Загреб и веројатно Веспрем и Вардар, кои се уште ги немаат одиграно реваншите од осминафиналните пресметки.

Во меѓувреме, медиа тимот на СЕХА, откако го прогласи Тимур Дибиров за крал на Инстаграм, круниса уште еден вардарец.

Станува збор за капитенот на „црвено-црниот“ тим – Стојанче Стоилов, кој е прогласен за крал на емоциите.