Столбот на одбраната на „фуријата“ по Олимписките игри во репрезентативна пензија

Ветераните во репрезентациајта на Шпанија Гедеон Гвардиола и Виран Морос во интервју говореа за нивната иднина во репрезентациајта на Шпанија и за тоа дали Олимпијадата во Токио ќе биде нивното последно натпреварување со репрезентациjата.

„За мене е сосема јасно дека после Олимпијадата во Токио ќе заврши мојата карирера во националниот тим. Не велам дека е 100% сигурно, но јас сум скоро сигурен“, рече Виран Морос.

За разлика од него Гедеон Гвардиола сеуште ја нема донесено одлуката да ја прекине репрезентативната кариера.

„Не знам со сигурност, ако одам во Токио за повлекувањето ќе размислувам по настапот. Ние сме во репрезентацијата долги години, а во клубовите од Германија барањата се навистина големи од играчите. Ќе видам како ќе се чувствувам физички и ментално па ќе одлучам. Мислам дека кога сме со Виран во одбраната ја гарантираме безбедноста на тимот“, рече Гедеон Гвардиола.

Двајцата ветерани имаа голем придонес во освојувањето на титулата на последното Европско првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.