Стоилов: Се надевам дека Карачиќ ќе плаче на крај!

Ракометарите на Вардар ги очекува седмиот натпревар од Лигата на шампионите против полскиот првак Келце. Меѓусебните двобои меѓу двете екипи секогаш биле неизвесни, а капитенот Стојанче Стоилов очекува така да биде и овојпат.

“Не чека тежок натпревар со Келце. Секогаш играме интересни натпревари со нив. Гоелм ривал ни е Келце, сите сакаме да победиме, очекуваме голема поддршка. Многу повредени играчи имаме, сите се враќаат од повреди. Наше е да дадеме се од себе и да се обидеме да победиме. Келце е борбена екипа, слична на нас, ќе има тензија и на крај некој ќе плаче, а се надевам дека тоа ќе биде Карачиќ”, на шега изјави Стоилов.

Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра в сабота во СЦ “Јане Сандански” со почеток во 17:30 часот.