Стоилов: Потребна ни е публиката за да го победиме Мешков Брест

Ракометарите на Вардар ги очекува вториот натпревар од Лигата на шампионите, а гостин во Скопје е белорускиот првак Мешков Брест.

Капитенот на “црвено-црните” Стојанче Стоилов вели дека ремито е најреално со Елверум, а дека за Мешков Брест ќе им биде потребна помошта од публика.

“Играме против Мешков, во првото коло одигравме чуден меч што можевме да го добиеме и да го загубиме, а реми можеби беше најреално. Не чекаат три меча во серија, но важен е Мешков Брест, дома пред публика после долго време. Имаме двајца нови играчи, а немаме доволно време. Се случувало и порано, но тоа е тоа. Се надевам дека ќе одиграме најдобро што можеме и ќе победиме заедно со публиката”, вели Стоилов.

Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест се игра в среда во СЦ “Јане Сандански” со почеток во 20:45 часот.