Стоилов повторно тренира – Вардар со капитенот во Брест

Екипата на Вардар ќе биде комплетна за првиот натпревар од Лигата на шампионите сезонава откако стана јасно дека и капитенот е во комбинација. Стојанче Стоилов после добивањето на негативни резултати на два теста за коронавирусот доби дозвола за тренирање и веќе им се приклучи на колегите.

Ова се добри вести за тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, кој го добива големиот борец на теренот така што ќе може да смета на комплетниот состав за овој натпревар.

Со враќањето на Стоилов во тимот сигурно и мотивацијата ќе се крене на повисоко ниво бидејќи се враќа капитенот во составот. Се виде колку недостигаше на Ф4 турнирот во СЕХА. Без него во одбраната и во нападот изборот беше намален така што сега го добива делот од мозаикот кој недостигаше.

Стоилов ќе има неколку тренинзи со своите колеги така што дефинитивно е јасно дека во вторник ќе биде во авионот и ќе патува за Белорусија на првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.