Аплаузи за вардаровата легенда – Чупиќ поздравен во „Јане“ (ФОТО+ВИДЕО)

Хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ повторно се враќа во „Јане Сандански“, но овој пат како противник и не во вардаровиот дрес.

Иван Чупиќ постигна многу клучни голови за Вардар вклучувајќи ги и најважните на завршнте турнири кога Вардар стана европски шампион.

Верните навивачи на Вардар не го забораваат тоа и на Чупиќ му приредија топол пречек како на вистинска легенда на клубот.

По подолго време можевме да видиме еурофорија на ракометен натпревар во Македонија, иако на трибините имаше само околу 1.500 гледачи.