Стефан Стојановски се сели во Јуниор КВ, во тек се преговори со српски пивотмен

Левиот бек на Пролет, Стефан Стојановски, во новата сезона веројатно ќе настапува за новиот суперлигаш Јуниор Кисела Вода.

Долгогодишниот столб на одбраната на Пролет, не ја продолжи соработката со тимот предводен од Никола Матлиески и се реши за друг предизвик.

Јуниор Кисела Вода покрај Стојановски, го бара и српскиот пивотмен Вељко Давидовиќ, кој веќе има искуство во Македонија, носејќи го дресот на Бутел Скопје.

Останува контактот и со некогашниот десен бек на Металург и Пелистер, како и многу европски екипи – Александар Станојевиќ.

Доколку овие тројца ракометари потпишат за новиот суперлигаш, стратегот Благојче Весиќ нема да има состав за потценување, особено не кога ќе игра на домашен терен во Кисела Вода.