Стефан Додиќ повторно на списокот на Тони Херона

 

Ракометарот на Металург, Стефан Додиќ си доби свое место во составот на Србија и за новите квалификациски дуели кои треба да се одиграат на крајот на април и почетокот на мај.

Селекцијата на Србија треба да го одигра уште дуелот против Грција на 29 април, а за таа средба има во комбинација 35 ракометари.

Меѓу овие играчи е и Додиќ, а се наоѓа и ракометарот кој доаѓа во Вардар, Дарко Ѓукиќ. Воедно на поширокиот список се и играчи кои настапувале во Македонија како Дејан Милосављев, Мијајло Марсениќ и Вања Илиќ.

Репрезентацијата на Србија е во група со Франција и Грција откако Белгија се повлече од квалификациите, а веќе има сигурно место на Европското првенство.