Стевче Алушовски: Јас сум перфекционист, мора така зошто имам високи цели

На домаќинот на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, дури по изведувањето на пенали им избегаа медалите за третото место. Загубија со 32-33 од Татран Прешов, откако во регуларнот дел средбата заврши со резултат 30-30. За охриѓани овој турнир беше првиот тест на тимот со кој сезонава ќе се брка плеј оф во првенството и излез во европските купови.

Во подготвителниот период сите екипи играа со осцилации, со добри и лоши моменти на турнирот. Така беше и со Охрид каде некои играчи на моменти покажаа дека ќе бидат вистинско засилување.

„Задоволен сум како изгледавме на турнирот. Некои работи што ги работевме од подготвителниот период сега се покажаа како добри, но имавме и и лоши работи. Премалку сме заедно за да биде се под конец. Затоа сум малку емотивен. Некои работи ја сги гледам, но играчите не ги спроведуваат. Тоа е нормално кога имате многу нови играчи во тимот. Последниот ден немавме среќа, но ја сум задоволен како изгледаме во моментов. Имаме уште две недели до почеток на првенството се да биде во ред, вели Стевче Алушовски, тренерот на Охрид.

На моменти тренерот знае и емотивно на реагира, сакајќи до детали и прецизно да се изработи секоја акција.

„Многу детали во напад некогаш не им се јасни на играчите. Но, има нови грачи, нов систем. речиси за сите. Дел од акциите не ги знаат, тоа е составен дел, треба време се да се научи. Јас сум перфекциониста, мора така бидејќи имам високи цели. Се вративме од Маврово на пет дена пред турирот. Работевме добро, екипата е физички спремна, имаме добара ростер. Нема да биде лсено, но нема да остапиме од нашата цел, да играме во Европа, вели Алушовски.

Охриѓани во домашното првенство ќе играат во група со Тиквеш, Куманово, Аеродром, Алкалоид, Еурофарм Пелистер 2, Скопје и Струга.

Во првото коло се игра „езерското дерби“, и Охрид ќе патува во Струга.
.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.