Статистика на Македонија – кој е најдобар стрелец, кој одигра најмногу минути, учинок на голмани…

Синоќа заврши најлошиот настап на машката репрезентација на Македонија во историјата на настапи на Светските првенства. На Мундијалот во Полска и Шведска, Македонија се пласираше на 27 место во конечниот пласман, што во осмото учество на ваквите собири.

Ако се фрли поглед на вкупната статистика од сите натпревари, може да се заклучи дека покрај одбраната, потфрли и нападот на овој шампионат. Од вкупно 400 напади на сите седум меча, реализирани се само 55%.

Најдобар стрелец на Македонија е Филип Кузмановски со 37 погодоци, Талески постигна 27, Манасков 24, а Костески 23 гола на овој Мундијал. Најдолго време на теренот помина исто така Кузмановски – 4 часа и 53 минути, а Талески играше 4 часа и 48 минути.

Кузмановски е лидер и во категоријата технички грешки со 20, Серафимов направи 17, додека Талески 14. Но играчот на Хановер има и убедливо најмногу асистенции до соиграчите, вкупно 29. Тој заедно со Савревски се најисклучувани од нашата селекција на ова СП – по четири пати. Костески и Ѓоргиев украдоа по четири топки на седумте меча.

Четворката на пикерската позиција се покажа добро во нападот. Дебитантите Петров и Стојковиќ погодија 21 пат со само едно промашување, додека Пешевски исто така беше добар со 19 гола од 24 обиди.

Голманската двојка Никола Митревски и Мартин Томовски запреа вкупно 70 удари од 294 или 24% успешност на одбранети удари. Најдобро ги бранеа ударите од девет метри на ривалите, а во сегментот пенали, имаа само одбранети два од вкупно 21.