Србија ќе бара нов селектор – Перуничиќ понуди оставка!

Селекторот на машката репрезентација на Србија, Ненад Перуничиќ, вторпат за еден месец понуди оставка. Првиот пат тоа го направи во текот на Европското првенство во Австрија каде „орлите“ забележаа три порази и го освоија последното место во групата.

„Уште на ЕП понудив оставка. Сфатив дека не ја исполнив целта. Му реков на претседтелот Ѓурковиќ дека не ме врзува договорот, туку она што ќе успеам да го направам или не. Му реков дека или ќе ги променам работите или ќе си заминам. Силно не заболе поразот од Црна Гора по кој ги загубивме шансите за следниот круг. Долго размислував, но минатата недела поднесов оставка“, вели Перуничиќ.

Се огласи и претседателот на Ракометниот Сојуз на Србија, Божидар Ѓурковиќ.

„На следната седница на Управниот Одбор ќе се разгледува оставката на Перуничиќ. Сигурен сум дека Ненад даде се од себе, дека има почит кон РСС, дека имаше трнлив пат. Тој сето тоа го доживува емотивно. Мое мислење е дека не заслужуваме да сме на 20. место и имаме време да донесеме добра одлука“, вели Ѓурковиќ.

Следен предизвик за Србија ќе биде баражот за Светското првенство во Египет 2021 година, а ривалот ќе го дознае на 9 март.