Србија моќно го започна ЕП – убедлив триумф над Украина

Репрезентацијата на Србија имаше фантастичен почеток на Европското првенство и во првиот натпревар славеше лесна и убедлива победа против Украина со 31:23.

Уште од стартот Србите тргнаа максимално и во раната фаза од мечот поведоа со 7:4. Во 20. минута Радивојевиќ погоди за четири предност на Србија од 11:7. До крајот на првиот дел Србите продолжија во ист ритам и имаа целосна контрола на теренот..

Доброто издание избраниците на Тони Херона го потврдија во завршните минути и на полувреме заминаа со одлична предност од 17:11. И во продолжението на дуелот Украинците немаа одговор на играта на противникот и постојано имаа голема негатива.

Во 49. минута Србија веќе ја обезбеди победата кога поведе со двоцифрена разлика при резултат 26:16. До крајот на натпреварот Украина само успеа да го ублажи поразот.

Најефикасен во составот на Србија беше Кукиќ со седум погодоци, додека пет постигна Радивојевиќ, а четири постигна Ѓукиќ. За селекцијата на Украина Хориха беше најзабележителен со шест погодоци.

13 јануари 2022
31 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
13 јануари 2022 19:42 EURO22 C 2021/2022 13.01.2022 60'

Место

„СЕГЕД УЈ“ АРЕНА СЕГЕД

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СРБИЈА1731Победа
УКРАИНА1123Пораз

СРБИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Милан Бомаштарголман00
6Урош Борзашлев бек01
8Стеван Сретеновиќлев бек02
10Дарко Ѓукиќдесно крило04
13Живан Пешиќпивот00
17Богдан Радивојевиќдесно крило05
20Драган Пешмалбекпивот23
24Лазар Кукиќцентрален бек07
28Младен Шотиќлево крило03
33Мијајло Марсениќпивот03
36Милош Орбовиќдесен бек01
39Марко Милосављевиќлев бек01
42Михајло Митиќдесен бек00
44Петар Ѓорѓиќлев бек02
76Владимир Цупараголман00
90Тибор Иванишевиќголман00
 Вкупно 232

УКРАИНА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Антон Тереховголман00
2Владислав Залевскицентрален бек00
4Евгениј Бујненколев бек20
8Александар Касаилево крило02
10Дмитриј Тутјаникпивот02
15Александар Тилтецентрален бек11
19Едуард Кравченкодесно крило02
23Владислав Донцовдесен бек13
24Дмитро Хорихалев бек16
27Иван Бурзакпивот01
33Илија Близњукдесно крило00
34Игор Турченколев бек02
37Тарас Миноцкидесен бек00
55Генадиј Комокголман00
77Дмитриј Илченкопивот02
93Дмитриј Артеменколево крило02
 Вкупно 523