Србија избра претседател, Милена Делиќ ќе го води ракометот четири години

Поранешната репрезентативка на Србија, која во последните месеци беше ВД претседателка на Ракометниот сојуз на Србија, Милена Делиќ од денеска и официјално е на оваа функција и ќе го предводи ракометот во следните четири години.

На Изборното собрание таа ја доби поддршката од делегатите така што сега и официјално е претседателка на Ракометниот сојуз.

„Минатите шест месеци беа турбулентни и со многу обврски, но заедно со мојот тим успеавме заедно да направиме сè што ветив на вонредната седница на 23 декември минатата година. Овој период беше исцрпувачки, но не жалам кога ќе видам млади луѓе молни со елан. Мојот избор денеска веројатно е резултат на претходната работа и гледам дека сите се задоволни и секако дека сега се очекува многу повеќе. Ќе се трудам да останеме во истиот ритам, па дури и да го унапредиме“, изјави Делиќ после изборот.

Неа и нејзиниот тим ја очекува многу работа, а претстојат големи натпреварувања на репрезентациите каде што ќе следуваат многу предизвици.