Србија избра нов претседател, дама ќе го враќа ракометот на старите позиции

На Вонредното собрание на Ракометниот сојуз на Србија беше донесена одлука за Претседател да биде поставена Милена Делиќ, кој го наследува Божидар Ѓурковиќ на оваа позиција.

Делиќ немаше противкандидат на седницата така што беше едногласно избрана за нов предводник на ракометот во Србија. Ѓурковиќ не поднесе кандидатура за нов мандат, а ниту добро познатиот поранешен репрезентативец на Србија, Драган Шкрбиќ. Оттаму немаше противкандидати.

„Не би зборувала за минатото иако сите знаеме дека ракометот е доведен во многу тешка ситуација поради несредените работи во кои лутаме и не знаеме каде одиме. Треба да престанеме да ги затвораме очите пред вистината бидејќи ситуацијата е таква каква што е. Мојата цел е да се обидам да ги сиран регионите и да бидеме заедница и добро е веќе кажано дека не би требало да се делиме бидејќи сите ние сме во тимот и сите имаме заеднички цели. Се кандидирав исклучиво од интерес за ракометот. Ниту еден глас не ми е потребен ако не работам во интерес на ракометот. Ако не работам како треба слободно побарајте моја замене и јас ќе се повлечам“, рече Делиќ во својот воведен говор при изборот за претседател на Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Србија.

Милена Делиќ е поранешна репрезентативка на Србија и член на тимовите на Раднички и Динамо. Зад себе има многу трофеи, а во последните години беше дел и од Управниот одбор на РСС.

Сега добива голема одговорност бидејќи ќе треба да работи на враќање на ракометот на старите позиции со оглед на тоа што во последните машката репрезентација забележа голем пад.