Србите со силен тест пред ЕП, двапати на контрола против Германија

Машките сениорски репрезентации на Германија и на Србија ќе имаа две контролни средби пред стартот на Европското првенство, а истите ќе ги одиграат на 7 и 9 јануари.

И двата натпревари се договорени да бидат одиграни во Германија. Првата ќе биде во Манхајм, а втората во Вецлар така што ова ќе биде можност за добра контрола пред почетокот на ЕП.

„Репрезентацијата на Србија е многу добар противник за нашиот подновен тим. Со помош на навивачите сакаме да добиеме импулс пред почетокот на Европското првенство“, вели спортскиот директор на Ракометната федерација на Германија, Аксел Кромер.

Репрезентацијата на Германија на Европското првенство во првата фаза ќе игра во Словачка во Групата Д со селекциите на Белорусија, Австрија и Полска. Србија игра во Групата Ц во Унгарија со составите на Хрватска, Франција и Украина.