Србите му даваат плата од 10.000 евра на селекторот Херона

По одличните изданија во квалификациите за Европското првенство во 2022 година против Франција и Грција, машката репрезентација на Србија е многу блиску до пласман на континенталниот собир.

Како што пренесува српскиот „Курир“, на селекторот Тони Херона му било понудено ревизија на договорот односно зголемување на платата само по три натпревари на жешката клупа.

Од РСС му било понудено зголемување на платата од 6000 евра на 10.000 евра, што значи дека Шпанецот би заработувал 120.000 евра годишно, што воопшто не се малку пари во ракометниот свет.

Тони Херона го презеде кормилото на репрезентацијата на Србија во месец мај 2020 година. По одличните игри во квалификациите, Србите се на добар пат да обезбедат пласман меѓу најдобрите на следното Европско првенство, иако им останува да играат две средби со Белгија и една со Грција на гостински терен.