Србите и Хрватите станаа хит со песните среде Сегедин – Овде никој не е нормален (ВИДЕО)

Денеска на Европското првенство се игра големото балканско дерби меѓу Србија и Хрватска во Сегедин.

Навивачите на двете земји заедно се собраа на плоштадот во овој унгарски град и испратија порака дека лошото минато го оставаат зад нив.

Тие приредија фантастична атмосфера уште на загревањето пред мечот и пееја „Овде никој не е нормален…“, а случајните минувачи од Сегедин зачудено ги гледаа.

Натпреварот меѓу Србија и Хрватска се игра вечерва од 20:30 часот.