СП младинки: Доминација на Европа, три африкански селекции во главна рунда

Со одигрувањето на натпреварите од последното, трето коло од групната фаза на Светсткото првенство за младинки во Словенија, познати се сите патници за главната рунда.

Меѓу нив се 12 европски селекции – Словенија, Германија, Норвешка, Франција, Црна Гора, Шведска, Холандија, Данска, Чешка, Унгарија, Хрватска и Австрија.

Изненадување имаше од африканските селекции, бидејќи три од четири минаа во главна рунда – Египет, Ангола и Тунис.

16 селекции во оваа фаза ги комплетира единствениот претствник на Азија – Јапонија, додека трето и четвртопласираните селекции во групите, ќе играат во Президент Купот.

Натпреварите од главната рунда започнуваат веќе утре.