СПЕКТАКУЛАРНО ИСПРАЌАЊЕ: Навивачите на Веспрем се простија од Мирсад Терзиќ! (ВИДЕО)

Босанскиот репрезентативец Мирсад Терзиќ, по 11 години си заминува од унгарскиот гигант Веспрем.

Тој во следните две сезони ќе биде член на полскиот вицепрвак Висла Плоцк, а негова замена во тимот на Давид Дејвис ќе биде Патрик Лигетвари.

Навивачите на унгарскиот шампион му приредија спектакуларно испраќање, а од нив на подарок доби специјален дрес.