„Спајдермен“ како загревање за ЕП (ФОТО)

Репрезентативците на Исланд се многу претпазливи во последните денови пред патувањето на Европското првенство бидејќи коровавирусот се шири многу брзо.

И покрај тоа што се во балон и немаат контакт со никој, тие наоѓаат начин за забава.

Откако пријателските натпревари со Литванија беа откажани за да не ризикуваат двете слекции, Исланѓните после утринските тренинзи попладнето го поминаа во релаксирачка атмосфера и го гледаа најновиот филм Спајдермен, а потоа имаа квиз.

Репрезентацијата на Исланд во вторник ќе патува за Унгарија, а првиот натпревар го игра против селекцијата на Португалија.