Спартак го договори првото засилување – доаѓа Ангела Гроздановска од Вардар

Тимот на Спартак Кисела Вода започна да го формира играчкиот ростер во пресрет на новата сезона во Женската лига.

Првото засилување за тимот од Кисела Вода ќе биде десниот бек Ангела Гроздановска која доаѓа од Вардар.

Гроздановска може да покрие и на десно крило, а следната седмица би требало да бидат промовирани уште две нови ракометарки.

Спартак Кисела Вода минатата сезона успеа да го подобри пласманот од деби сезоната во Женската лига за едно место и до прекинот на првенството се наоѓаше на седмата позиција.