„Со парите што ги троши Мешков на скапите странци можеше да бидат изградени неколку клиники и училишта“

Белорускиот шампион Мешков Брест веќе неколку години вложува многу финансии, но нема резултати со кои може да се пофали.

Но не сите во Белорусија имаат убаво мислење за проектот на тимот предводен од Раул Алонсо и за странските ракометари што се форсираат наместо домашните.

Директорот на клубот Витјаз, Александар Опејкин го сподели своето мислење за порталот „Трибуна“.

„Со сите пари што ги дава „Белгазпромбанк“ за скапо платените странци во последните неколку години, беше можно да се изградат неколку клиники и две училишта. Но никој не го направи тоа“, вели Опејкин.

Мешков и за новата сезона донесе четворица странци – Сташ Скубе, Дмитри Санталов, Владимир Врањеш и Павел Пачковски.