Сорендо: Не се откажувам ќе се борам за место, сакам на Олимпијадата во Токио

Еден од најискусните ракометари од Франција, кој настапува за тимот на Барселона, Седрик Сорендо иако најави повлекување од националниот тим според последните коментари нема да има ништо од тоа и вели дека ќе се бори за место во тимот за калификациите за Олимписките игри.

Како причина за повлекувањето го имаше слабиот пласман на последното Европско првенство каде што Франција отпадна после првиот круг.

„После низа критики одлучив да ја прекинам кариерата во националниот тим. Бев подготвен да престанам со играњето за репрезентацијата и да ја преземам вината. Сепак, моите соиграчи инсиситраа да играм на Олимписките игри во Токио, но прво мораме да се квалификуваме. И капитенот на Барселона, Виктор Томас исто така истакна дека верува во мене. Затоа одлучив да го сменам моето мислење. Нема да се откажам и ќе се борам за место во тимот“, вели Сорендо.

Франција има тешка група во квалификациите за Олимписките игри. Ќе игра со вицешампионот на Европа, Хрватска, ривалот кој ги исфрли од ЕП, Португалија и една од најдобрите селекции од Африка, Тунис. Позитивно е тоа што натреварите ќе ги играат на домашен терен.