„Сонувам еден ден да заиграм за голем клуб како Вардар, ПСЖ или Барселона“

20-годишното десно крило, Фран Милета, кој настапува за хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице за eurohandball.com откри кога почнал да се занимава со ракомет и кои се неговите идоли.

Милета сонува еден ден да за игра во некој од најголемите европски клубови Вардар, Барселона, Кил или ПСЖ.

Тој беше дел и од кадетската репрезентација на Хрватска на Светското првенство во Македонија и влезе во идеалниот тим.

„Почнав да играм ракомет на седум години. Тренирав и фудбал, но сепак се одлучив за ракомет. Кога добив покана за репрезентацијата, не можев да поверувам на очите. Тоа е чест за секој играч, а за млад како мене е нешто специјално. Да бидам дел од националниот тим, за тоа сонував уште како мал. Неверојатно е чувството да се дели соблекувалната со твоите омилени играчи“, вели Милета.

Десното крило откри дека негови идоли се Абало, Чупиќ, но и Генсхајмер, иако тој игра на лево крило.

„Сега сакам да се развивам и да играм на високо ниво, исто како моите идоли. Ќе се обидам да бидам што подобар секој ден. Сонувам еден ден да заиграм за Кил, Барса, ПСЖ или Вардар и да ја претставувам Хрватска на големите натпреварувања“, заврши Милета.