Смајлагиќ одбра за реванш дуелите против Словенија и Црна Гора

Селекторот на БиХ, Ирфан Смајлагиќ, го објави списокот на ракометари пред последните два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.

БиХ на 27 април во Чазин ќе ја пречека Словенија, додека на 30 април ќе гостува во Подгорица ќе се соочи со Црна Гора.

Конечно на главниот список се најде искусниот голман Бенјамин Буриќ кој поради повреда ги пропушти последните натпревари на репрезентацијата.

Покрај него тука ѐ и Харун Хоџиќ кој исто така ги пропушти последните натпревари поради повреда, а на голот негова замена беше Адмир Ахметашевиќ.

На списокот се наоѓаат Елмир Граџан и Игор Мандиќ, кои имаат настапувано за Еурофарм Пелистер, односно Металург. И покрај одличните партии на неколку босански интернационалци во македонската елита, за нив поради големата конкуренција сѐ уште нема место меѓу најдобрите во националниот тим.

БиХ на табелата во квалификациската група 7 има 4 бодови, исто толку има и Црна Гора, додека Словенија е на врвот со осум бодови и веќе обезбеден пласман на континенталниот собир. Косовската репрезентација нема освоено бод во досегашниот тек од квалификациите.

Голмани: Бенјамин Буриќ, Адмир Ахметашевиќ, Харум Хоџиќ

Бекови: Мирсад Терзиќ, Милан Вукшиќ, Марко Давидовиќ, Мирко Херцег, Дино Хамидовиќ, Игор Мандиќ, Лука Кнежевиќ, Марко Паниќ, Недим Хаџиќ

Крила: Владо Драганиќ, Ади Мехмедчехајиќ, Срѓан Предрагојевиќ, Лука Периќ, Младен Бошковиќ

Пивоти: Сенјамин Буриќ, Адин Фајлиќ, Елмир Граџан, Амир Муховиќ