Славје по улиците во Подгорица: Факели, сирени, песни за бронзениот медал (ВИДЕО)

Историскиот успех на Црна Гора на женското ЕП каде го освоија бронзениот медал донесе многу радост во главниот град Подгорица. Сообраќајот беше сопрен, сите беа на улиците и го прославуваа успехот. Факели, песни, сирени, развеорени знамиња..

За утре е планиран и дочек на репрезентацијата која се враќа од Љубљана, и повеќе од сигруно е дека ќе има десетици илјади луѓе на улиците да ги пречекаат ракометарките.

Црна Гора со 27-25 ја победи Франција, а тоа беше и последниот репрезентативен настап на Јованка Радичевиќ која има над 1.000 постигнати голови и над 200 одиграни натпревари….

Европски првак е Норвешка која со пресврт во последните десет минути од мечот против Данска победи со 27-25 и по деветти пат го освои златниот медал.